Погребна церемонија за папата Франциско
26 април 2025Погребната церемонија за починатиот папа Франциско започна во саботата наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Ковчегот на понтифот беше изнесен од базиликата Свети Петар на истоименоот плоштад, проследено со аплауз од насобраните верници. Покрај 224 кардинали и 750 бискупи, на погребната церемонија учествуваат и околу 50 шефови на држави и влади, како и 200.000 верници, сооопшти Ватикан.
Деканот на Кардиналскиот колегиум, Џовани Батиста Ре, кој ја одржува погребната проповед, прочита молитва на почетокот на церемонијата. Мисата треба да трае околу час и половина.
Уште во раните утрински часови, многу луѓе стоеја во ред за да заземат место за реквиемот пред базиликата во Ватикан.
„Ова е навистина историски ден“, рече 64-годишен маж од Габон, кој дојде на плоштадот Свети Петар со својата сопруга. „Има неверојатно многу луѓе. Млади луѓе ја поминаа ноќта надвор.“
250 илјадни луѓе се збогуваа со папата Франциско
Многу од оние што чекаа носеа знаме на својата земја околу рамената, додека други носеа слики од Франциско, познат по својата скромност и отворени зборови.
По погребната миса, ковчегот на папата ќе биде вратен во базиликата Свети Петар, пред да биде однесен во погребна поворка до базиликата Санта Марија Маџоре, која е оддалечена околу пет километри. Во саботата попладне, Франциско ќе биде погребан таму во скромен гроб. По сопствена желба, тој е првиот папа по повеќе од еден век кој нема да биде погребан во базиликата Свети Петар.
Поглаварот на Католичката црква почина на Велигденски понеделник на 88-годишна возраст. Од средата, според Ватикан, околу 250.000 луѓе се простија од папата Франциско во базиликата Свети Петар каде беа изложени неговите посмртни останки.
Највисоки безбедносни мерки
Околу плоштадот Свети Петар, според италијанските и ватиканските власти, забрането е летање со дронови, снајперисти се распоредени на покривите во околината, а борбени авиони се во состојба на зголемена готовност. За време на погребната церемонија прогласена е општа забрана за летање над италијанскиот главен град.
За американскиот претседател Трамп и неговата сопруга Меланија, како и за повеќе од 50 други шефови на држави и монарси беа резервиранни места на плоштадот Свети Петар. Германската делегација ја предводи претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, а во неа е и актуелниот канцелар Олаф Шолц (СПД).
На погребнатѕа миса присуствуваат и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Покрај 224 кардинали и 750 католички бискупи и бројни достоинственици од други религии се присутни на плоштадот Свети Петар.