Александра Маленкоска со веслачкиот женски клуб „Горица Ремо“ го враќаат сјајот на веслањето во Охрид. „Гревота е Охридското Езеро да не го искористиме за спортскиот туризам, има идеални услови за развој на едрењето, веслањето и кајакот“, вели Александра.