Новиот дизајн на DW: Зошто изгледаме малку поинаку
Нов изглед, свеж и оптимизиран дизајн и подобрено искуство за корисниците - ова е она на што нашиот дизајнерски тим работеше со месеци. Би сакала да ве информирам за дел од новините.
Инклузивноста и пристапноста се во центарот на развојот на нашиот корпоративен дизајн. Во иднина, значителен дел од нашата содржина ќе биде без ограничувања.
Техничките перформанси на нашата веб-страница и апликацијата се оптимизирани за подобро искуство.
Благодарение на подобрената видливост, ќе ги пронајдете потребните информации уште побрзо. Го менуваме нашиот фонт за да ви биде полесно да читате. Визуелните прилагодувања на менијата и заднините обезбедуваат почист изглед и ја зајакнуваат нашата препознатливост како сигурен извор на информации.
Нашата палета на бои и инфографиката исто така добиваат динамично ажурирање. Може да се радувате на поживописни бои и графики кои го олеснуваат прегледот на сложените информации.
Сакаме нашата содржина да биде побрза и попрепознатлива. Сакаме да уживате во користењето на нашата веб-страница и апликација уште повеќе во иднина.
А новиот изглед на dw.com е само почеток. Во наредните месеци, ќе следат дополнителни промени на сите платформи каде што може да се најдат сториите на DW.
Ве молиме кажете ни какви се вашите впечатоци и искуства од подобрениот дизајн на DW. Со нетрпение ги очекуваме вашите повратни информации.