Нема зголемено зрачење од атомската централа Натанс
13 јуни 2025Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека не е измерено зголемено зрачење од атомската централа Натанс. Комплексот во којшто се облагородува ураниум беше цел на напад на Израел.
Израелската армија, која во текот на ноќта изврши напади врз десетици цели во Иран, тврди дека Иран со својата нуклеарна програма се наоѓал пред решавачки чекор. Информациите на тајните служби, како што се тврди од израелската армија, покажале дека во процесот на создавање атомска бомба земјата е стигната до „точка од која нема враќање“. Докази за ваквите наводи од страна на армијата на Израел нема.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчеравечер изјави е „погодено срцето на иранската програма за облагородување ураниум“.
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Фараел Гроси, на платформата Х напиша дека агенцијата е во контакт со иранските власти за да се утврди нивото на актуелното зрачење.
Конфликтот околу атомската програма на Иран трае со години. Ураниумот, зависно од степенот до којшто е облагороден, може да се користи за производство на гориво за нуклеарни централи или за изградба на нуклеарно оружје. САД и другите западни држави го обвинуваат Иран дека се стреми кон нуклеарно оружје под изговор за цивилна употреба на ураниумот. Иран го негира тоа.