Трамп ќе учествува на самитот на НАТО во Хаг
4 јуни 2025Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на самитот на НАТО на крајот на јуни во Холандија. Ова го објави портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, во Вашингтон. Трамп сè уште не го потврдил своето учество на состанокот. Имаше шпекулации дека би можел да го избегне самитот поради несогласувањата во рамки на воената алијанса околу повисоките издатоци за одбранаод страна на земјите членки - што би ги ескалирало односите меѓу НАТО и САД, кои играатсуштинска улога во Aлијансата.
Трамп бара зголемување на трошоците за одбрана
Шефовите на држави или на влади на воената алијанса ќе се состанат на 24 и 25 јуни во Хаг и, меѓу другото, ќе разговараат за нивните трошоци за одбрана. Трамп бара пет проценти од бруто-домашниот производ од партнерите на алијансата - моментално таканаречената квота на НАТО изнесува два проценти.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одговори со компромисна формула: 3,5 проценти за војската и 1,5 проценти за инфраструктурата како што се патиштата или пристаништата кои можат да бидат релевантни за одбраната. Трамп долго време врши притисок врз партнерите во НАТО. За време на неговиот прв мандат (2017 до 2021 година), републиканецот отворено се закани дека ќе ги повлече САД од воениот сојуз доколку другите членки не ја исполнат својата обврска да инвестираат најмалку два проценти од својата економска сила во одбраната. Оттогаш, тој се фали дека земјите од НАТО ги зголемиле своите трошоци дури под неговиот притисок.