Младите во Македонија се најнесреќни во споредба со своите врсници од земјите во регионот, покажа последниот светски извештај за среќата. Каде младите луѓе на Балканот се најсреќни? Еве што вели истражувањето спроведено од Универзитетот Оксфорд, Галуп и Мрежата за решенија за одржлив развој на Обединетите нации.
Новиот извештај за среќата во светот покажа дека младите на Балканот се позадоволни со својот живот отколку многу нивни врсници ширум светот. Резултатите се добиени врз основа на сопствените проценки на испитаниците за нивниот живот и позитивните и негативните емоции.
Во кои земји на Балканот младите (до 30 години) се најсреќни?