Технолошките решенија за заштита од пожар на инженерот Борис Јанковски и компанијата „Веда“ се познати и во светот. Изумот за гасење на пожар во електрични возила им донесе прва награда на меѓународен натпревар за иновации поддржан од Министерството за одбрана на САД. Имаат понуди да работат во странство, но Борис вели: Среќата е најдобро да си ја најдете таму кај што сте.