„Овде ме исполнува тоа што работам со многу луѓе, во сообраќај сум и ме исполнува, едноставно сум среќна, одам со задоволство на работа.“
Во Македонија завршила образование за сообраќаен техничар, но по доаѓањето во Германија прво работела во фирма за козметика.
За време на пандемијата добила отказ, но тоа не ја обесхрабрило.
Решила конечно да го оствари својот сон.
Даниела Секуловска, возач на автобус во КВБ Келн:
„Отидов во Агенцијата за вработување, се пријавив и им кажав: „Јас сакам да полагам за возачка дозвола за автобус... Возачката ми ја плати Агенцијата...Многу сум задоволна, зашто тоа во мојата држава не можев да го постигнам, а го постигнав како странец, како што велат овде ausländer, да добиеш толку пари и да ти овозможат многу добро работно место во Германија.“