Овој леб е единствен како и Охрид. Може да се најде во охридските ресторани и во работилницата на Весна Миленкоска. Благодарение на нејзината страст и мајсторство овој мек и крцкав леб сега е соствен дел од гастрономската карта на Охрид, покрај ѓомлезето и ѓевречето.