Голем број жени од Латинска Америка и Филипини, без дозвола за работа, во Шпанија живеат во семејства за кои работат како модерни робови. Се согласуваат на мала плата, за да ги издржуваат своите семејства дома, чуваат туѓи деца, но пропуштаат да ги видат нивните како растат.